Готвачи од „Романтик Хотели“ ДООЕЛ Велес освоија два пехара на 13. Интарнационален Инстанбулски гастрономски фестивал 2015, во организација на Турската асоцијација на готвачи-TASFED.
Како што информира за медиумите Славче Ефтовски управител на „Романтик Хотели“ тие на фестивалот учествувале во две категории и во двете се закитија со пехари, со што, вели, на вистински начин ја презентираа Македонија.
– Во категорија Тимско практично натпреварување тимот на „Романтик Хотели“ во состав Руска Ајтова, Горан Митев и Евгенија Јошевска, приготви мени од ладно предјадење, главно јадење, десерт, во конкуренција од 22 тима го освои престижното прво место и го доби пехарот за најдобар тим во таа категорија. Во категоријата паста, Евгенија Јошевска приготви домашни равиоли и во конкуренција од 24 натпреварувачи го освои 3. место и бронзен медал, потенцира Ефтовски.
На 13. Интарнационалниот Инстанбулски гастрономски фестивал што се одржа од 28 до 31 јануари, годинава, учествуваа екипи на готвачи од 31 земја од светот, меѓу кои и екипата готвачи од „Романтик Хотели“ како претставници на Македонија.
На гастрономската манигестација која се одвиваше во преку 20 категории, се натпреваруваа околу 2.000 готвачи од 31 земја во светот.