Корисниците на Скајп секој ден трошат по две милијарди минути на комуникација преку видео и со пораки со другите корисници на оваа платформа.
Како што пренесува порталот thenextweb.com, станува збор за огромна бројка што дополнително е засилена со претстојното гаснење на Vindouz Lajv Mesindzzer, но и со развојот на различни апликации за мобилни телефони и сметачи.
Бројката од две милијарди минути ги опфаќа не само на видео повиците, туку и останатите видови комуникација преку Скајп, како што се текстуалните пораки, видео гласовната пошта и аудио повиците.
Скајп, како што се истакнува, се уште е многу доминантно име кога станува збор за видео повиците, па последните години сервисот стана синоним за повикување некого, како што „гуглањето“ е синонимот за пребарување на Интернет.
Скајп, што беше стартуван во август 2003 година, веќе во јули 2004 година ја достигна бројката од милијарда минути, а во јуни 2005 година ја достигна бројката од 10 милијарди видео и аудио повици меѓу корисниците на овој сервис.