На оглас го бара човекот со кој останала бремена

Од:

Некои луѓе огласите ги користат за нешто да купат или да го продадат тоа што повеќе не им треба. Но не и на Бјанка Фази. Таа преку оглас на интернет на страницата Gum Tree одлучи да го најде човекот со кого останала бремена.

Станувало збор за авантура за една ноќ, а Бјанка ја изненади веста  дека е бремена, затоа што лекарите и рекле дека поради синдормот на полицистички јајници тешко ќе може да забремени.

Се што знае за таткото на детето е дека се вика Џереми и дека е од предградие на австралискиот град Перт. Се обидувала да го пронајде во текот на бременоста, но безуспешно, пишува Метро.

Сега, два месеци по породувањето таа продолжи со барање и на социјалните мрежи. Таа вели дека се сретнува со многу предрасуди и луѓе кои ја нарекуваат лоша мајка. Најмногу ја болат коментарите од оние кои сугерираат дека требала да абортира.

– Општестството и понатаму не сака жени кои одлучуваат да го задржат детето надвор од врската, рече младата мајка.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча