На астронаутите им недостасува сон

Од:

Покрај бројните опасности кои на астронаутите на нивното работо место во вселената им се закануваат, им се придружи и недостигот на сон. Астронаутите на спијат доволно пред и во текот на мисијата во вселената, објавија научниците во списанието „Lancet Neurology“.

Американските научниците утврдија дека астронаутите спијат помалку од шест часа ноќта пред лансирањето, а на Меѓународната вселенска станица (ISS)  во просек сонот им трае шест часа и петнаесет минути.

Американската вселенска агенција НАСА на своите астронаути им препорачува осум ипол часа сон во вселената. Толкавата разлика покажува дека астронаутите страдаат од сериозен недостиг на сон, кој може да им ги загрози животите.

Експертите од Харвард анализирале податоци за спиење на 64 астронаути кои биле во орбитата и 21 кои биле дел од екипажот на ISS. Дури три четвртини од испитаните астронаути користеле апчиња за спиење во текот на вселенската мисија, што пак може да ја доведе во прашање нивната одговорност во извршувањето на задачите.

И додека астронаутите во зачетоците на вселенската мисија се жалеле дека не можат да спијат поради премногу светло и бучава, на тоа не можат да се пожалат модерните вселенски патници кои имаат тивки и мрачни „соби за спиење“ на ISS. Тоа, некои научници ги доведе до заклучок дека причината за лошото спиење е микрогравитацијата. Уште повеќе што е утврдено дека астронаутите по враќањето на Земјата спијат како бебиња.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ