Оскаровецот Кирк Даглас, легендарниот актер Кирк Даглас почина денеска на 103 години.
Тој е роден во 1916 во Њујорк, а првиот Оскар го освои во 1949 за боксерската приказна, филмот „Шампион“.
Даглас е татко на актерот Мајкл Даглас, кој денеска преку социјалната мрежа ‘Инстаграм’ ги извести фановите за смртта на неговиот татко:
„Со голема тага јас и моите браќа ве известуваме дека не напушти нашиот Кирк Даглас. За светот, тој беше легенда и актер од златното доба… но за мене и за моите браќа Џоел и Питер тој беше само татко. Ќе завршам со она што му го кажав и на неговиот последен роденден – тато, те сакам и горд сум што сум твој син“.
Даглас е познат по улогите во „Спартак“, „Патишта на славата“, „20 илјади лиги под морето“, „Битката кај О.К. коралот“. Тој играше во над 80 филмови пред да се повлече од филмското платно во 2004 година.
Тој преживеа хеликоптерска несреќа во 1991 година и срцев удар во 1996, но не се откажуваше – со страсна љубов кон животот, тој беше последниот од генерацијата на славните глумци од педесетите и шеесетите години од минатиот век или т.н. „Златно доба во Холивуд“.