Алкохолот е значајно поголем ризик во споредба со наследниот фактор кога станува збор рана појава на деменција. Нова шведска студија покажува дека голема конзумација на алкохол во пубертетот е силно поврзана со појавата на деменција пред 60-годишна возраст, објави научното списание „ЈАМА Интернал Медисин“.
Како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, во периодот од 1969 до 1979 година биле анкетирани половина милион млади лица, кои, меѓу другото, навеле колкаво количество алкохол конзумирале.
Кога по 40 години шведските истражувачи повторно оствариле контакт со анкетираните, бил констатиран доминантен фактор на ризик. Оние млади кои одговориле дека пиеле многу алкохол биле јасно присутни во групата испитаници што подоцна во животот биле погодени од труење со алкохол и појава на рана деменција.
– Доколку станува збор за алкохолно труење или преголема конзумација на алкохол, така што на одредени лица има била потребна здавствена нега, ризикот од рана деменција се зголемувал за петпати, вели Петер Нордстром, шведски професор по гериатрија.
Истражувачите порано верувале дека причината за деменција лежи во генетските мутации, но споменатата нова шведска студија покажува дека наследниот фактор е дури на петто место меѓу разните ризични фактори поврзани со деменцијата.