Млада слоница во Полска ќе се лечи од депресија со масло од канабис

Од:

Ова беше тешка година за младата африканска слоница Фредзија, која е жител на Зоолошката градина во полскиот град Варшава. Четирите слона во градината од март се три, откако угина Ерна, најголемата женка и најстарата во групата.

Смртта на Ерна ја ожалостила Фредзија, која е во депресија и под голем стрес сите овие месеци.

„Фредзија реагираше чудно на сликата на телото на Ерна. Беше навистина возбудена, но можеше да се види и дека е многу тажна,“ вели д-р Агњешка Чујковска од Одделот за рехабилитација на животните во Зоолошката.

Оттогаш, чуварите велат дека Фредзија постојано покажува знаци на стрес и дека таа се мачи да оствари нова врска со нејзината женска придружничка, Буба. На слоновите им се потребни месеци, понекогаш и години за да го преболат губитокот на постар припадник на крдото и да го вратат чувството на хармонија во групата.

Иако ова е тешка ситуација за младата слоница, емотивните превирања им даваат можност на надлежните да тестираат експериментална нова терапија, базирана на ЦБД, една од активните состојки во маслото од канабис.

Целта на експериментот е да се утврди дали ова масло, кое најде широка медицинска примена кај луѓето во последниве години, може да им помогне на животните кои жалат или се под силен стрес – полесно да ги пребродат кризите.

Се смета дека маслото го стимулира производството на серотонин и допамин, хемикалии во мозокот кои се одговорни за доброто расположение и можат да помогнат во борбата против депресијата.

Слоновите од Зоолошката градина во Варшава ќе бидат првите животни на кои ќе се тестира терапијата, а научниците ги одбрале токму слоновите, затоа што тие се посебно склони кон стрес, а и релативно лесно може да се следи нивното однесување.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија