Млад пејач почина откако пајак го касна по лицето

Од:

Бразилскиот пејач Дарлин Мораис (28) почина откако го каснал пајак по лицето. Компликациите кои следеле по навидум безопасниот убод имале фатален исход.

Несреќата се случила во неговиот дом на 31 октомври во Миранорте.

Неговата 18-годишна поќерка, која исто така беше касната од пајакот, итно е пренесена во болница и е во стабилна состојба, изјавија нејзината мајка и сопругата на пејачот за бразилскиот весник G1.

Сопругата на пејачот изјавила и дека Дарлин Мораис се чувствувал исклучително уморно, а бојата на модрицата предизвикана од каснувањето од пајакот почнала да се менува. Доживеал алергиска реакција, додека лекарите во Општата болница Палмас и покрај сите напори не успеале да му помогнат.

Дарлин Мораис се занимава со музика од својата 15-та година, во многу популарен жанр, foroom, а настапувал со бенд чии членови се неговиот брат и пријател, пишува Дејли Мејл.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски