Мислел дека страда од алергија, а имал пукнатина на мозочната мембрана

Од:

Џо Наѓ од Аризона бил уверен дека страда од алергија, но по 18 месеци лекарите откриле дека од носот му тече мозочна течност.

Бидејќи состојбата била се полоша се јавил на лекар, кој утврдил дека проѕирната течност што течела од неговиот нос е всушност заштитна течност, која излегувала од пукнатина во мембраната околу мозокот.

-Ако сакате да знаете умрев од страв, кога дознав за што станува збор- изјави Наѓ за „Фокс 10“.

Тој рече дека едно утро пред 18 месеци за првпат се соочил со непријатноста кога течноста како солзи почнала да му тече од носот.

Во една прилика истото му се случило и на работен состанок, поради што решил да побара лекарска помош.

Операцијата за решавање на проблемот била одложена поради тоа што се разболел од менингитис, но подоцна истата била извршена.

Неврохирургот од Невролошкиот институт „Бероу“, Питер Накаџи, кој ја изврши хируршката интервенција вели дека оштетувањата на мембраната на мозокот често остануваат неоткриени.

-Тие пукнатини може да бидат толку мали и понекогаш не можат да се најдат. Денес го оперираме мозокот и базата на мозокот преку нос. Ставаме игла во тој простор за да провериме и го лепиме. Тоа е само мало парче рскавица од носот која ја ставаме на оштетувањето, а организмот сам ја затвора повредата, објасни лекарот Накаџи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он