Министерот за финансии за САД, Стив Мнучин (54) в сaбота ќе орави свадба.
Самиoт Мнучин не сака да говори многу за тоа, но „тајната“ ја откри министерот за трговија Вилбер Рос.
Тој, претставувајќи го Мнучин на конференција во Вашингтон, го поздрави и изјави дека со нетрпение очекуваат да присуствува на неговата свадба со избраничката Луиз Линтон.
Мнучин уште во 2015. се вери со 18 години помладата шкотска манекенка и глумица. Таа од пред извесно време се занимава и со продуцирање на филмови, слично како и Мнучин пред да и се приклучи на Администрацијата на Доналд Трамп.