Министерот Ивановски во Мексико на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски учествува на Седмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, која се одржува во Мексико Сити.

Како што соопшти МИОА, присуствуваат 50 претставници од повеќе земји во светот, меѓу кои од УНЕСКО, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Европската комисија,  од Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ).

– Министерот Ивановски оствари значајни контакти и разговори со највлијателните луѓе во светот во доменот на информациско-телекомуникациските технологии, што ја потврдува заложбата на Република Македонија за градење и развивање на информатичкото општество во нашата земја, кое ги следи најсовремените светски стандарди, информира МИОА.

Во април минатата година, во Охрид се одржа Петтиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, со кој претседаваше нејзиниот претседател Карлос Слим. Средбата во Охрид беше прва од ваков вид надвор од седиштето на Обединетите нации во Женева, Париз и Њујорк.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска