Секои 17 секунди во светот некој може да биде заразен со вирусот ХИВ, а од сида од почетокот на епидемијата досега животот го загубиле 35 милиони луѓе, соопшти денеска агенцијата на ОН за борба со сида – УНАИДС, по повод 1 декември, Светски ден на борбата против таа болест.
Околу 1,8 милиони луѓе се заразени во 2016 година и таа цифра претставува нови ширење на инфенцијата од која може да се заразат речиси 5.000 луѓе дневно.
Според податоците на глобално ниво од ХИВ заразени се 36,7 милиони луѓе. Од таа бројка, 34,5 милиони се возрасни луѓе, а 2,1 милиони лица помлади од 15 години.
Статистиката од минатата година покажува дека зголемен е бројот на заразени женски лица на возраст од 15 до 24 години во однос на мажите на таа возраст.
Во однос на 2010 година, кога тој број изнесуваше 300.000, во минатата година е намален бројот на заболени малолетници за 47 отсто, пренесува Анадолија.
Зголемен е процентот на пристап до антиретровирусните лекови на бремените жени кои живеат со ХИВ. Лековите се користат со цел да се спечи пренесување на овој вирус на уште неродените бебиња.
Меѓутоа, во 2016 година намален е бројот на починати од заразниот вирус ХИВ, кој ја предизвикува сидата.
Во 2005 година бројот на починати изнесуваше 1,9 милиони, додека во 2016 година е намален на еден милион.
Меѓу оние кои ја изгубиле битката за живот се 890.000 возрасни и 120.000 малолетници под 15 години.
Според извештајот на УНАИДС, 19,4 милиони лица во Источна и Јужна Африка се носители на ХИВ.
Во минатата година, со ХИВ 790.000 лица се заразени во Источна и Јужна Африка.
СЗО наведува дека голем број лица не се свесни дека се заразени со ХИВ.
Дури 40 отсто од 14 милиони немаат никакви информации дека се заразени со овој вирус.
Во светето денес речиси 21 милион луѓе живеат со ХИВ и добиваат соодветен третман, а бројката на смртни случаи е намалена во многу делови од светот.
Сепак, во Источна Европа и Централна Азија се забележува раст на нови ХИВ инфекции од речиси 60 отсто во однос на 2010 година, а бројот на смртни случаи од СИДА истовреме е во пораст за 27 отсто.
И понатаму има присутност на нерамномерен пристап на третмани за ХИВ инфицираните лица, особено во Западна и Централна Африка и понатаму е неопходно залагање за обезбедување на здравјето за сите, без оглед на местото на живеење.