Синџирот на ресторани за брза храна МекДоналдс ќе ги замени играчките од Happy Meal оброците со книги.
Оваа мерка започна да се применува во Велика Британија со цел да ги мотивира децата на повеќе читање.
МекДоналдс со започнувањето на оваа акција ќе стане најголемиот дистрибутер на книги за деца во Велика Британија. Планот е на овој начин да се дадат повеќе од 15 милиони книги во следните 2 години.
Компанијата оваа акција, која започна неделава, ја спроведува во соработка со издавачките куќи Dorling Kindersley и WH Smith.