Рестораните за брза храна, синџирот „Мекдоналдс“ планира да воспостави свој медиум, телевизиски канал „Канал М“, чии содржини ќе бидат прикажани на ТВ екраните во нивните ресторани.
На програмата ќе се прикажуваат вести и забавна програма, резултати од натпревари и слично, а содржината ќе има локален карактер.
Пилот проект вклучува воведување на оваа телевизија во 700 објекти на „Мекдоналдс“, потоа сите 14.000 ресторани низ САД, а подоцна и во целиот свет.