Активности за одбележување на Меѓународниот ден за побезбеден интернет со презентација за опасностите од нелегалните интернет содржини ќе се одржат денеска во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје.
На одбележувањето ќе се обрати министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
Меѓународниот ден на побезбеден интернет годинава се одбележува по десетти пат, со носечка тема за онлајн правата и одговорностите. Слоганот на овогодинешната кампања е „Поврзи се со почит“.