Меган Маркл, како што пренесуваат странските медиуми, одлучила првото интервју да го даде на Елен Деџенерис. Како што се наведува, тоа и било план веќе подолго време, бидејќи знаела дека водителката ја разбира и ќе застане на нејзина страна.
– Елен Деџенерис и Меган Маркл веќе имаа договор за интервју. Тоа се „крчка“ веќе некое време, рече пријателка на Меган за британските медиуми.
– Ми кажа дека Елен ја разбира нејзината болка и неа се ќе и каже. Уверена е дека се сродни души, ја пренесуваат изјавата британските медиуми.
Откако оваа вест го сврти светото, Елен беше прашана за војвотката од Сасекс.
– Дали сте возбудени поради тоа што можеби ќе ја интервјуирате Меган Маркл?-на што таа одговори: – Секако дека сум возбудена, што индиректно беше потврда дека веста е вистина.
Елен и Меган се сретнаа пред неколку години во стационар за кучиња во Лос Анџелес, каде Елен ја поттикнала Меган да го вдоми своето прво куче, Богарт. Од тогаш се постојано во контакт.
Елен и нејзината сопруга Порша де Роси допатуваа дури во Лондон за да го видат Арчи, синот на Меган и Хари.
– Гледав како ги напаѓаат и тоа не е фер. Тие се двајца најприземни луѓе кои имаат многу чувства за секого, толку добро прават за светот, рече Деџенерис во својата емисија откако Меган и Хари одлучија да го напуштат кралското семејство.