Додека не го запозна принцот Хари и не стана принцеза, Меган Маркл беше актерка. Откако се омажи, таа мораше да се откаже од холивудската кариера и улогата во серијата Suits, која и донесе популарност.
Меган ја портретираше Рејчел, паметна и шармантна адвокатка и на многумина им беше омилен лик.
Поради огромната популарност по појавувањето на серијата на Нетфликс, најавено е дека ќе добие и свое продолжение.
Креаторот на серијата, Адам Корш, наводно е во раните фази на развој, а се вели дека новата серија не е рестартирање или продолжение, туку нова приказна преместена од Њујорк во Лос Анџелес. Сепак, тоа не значи дека некои добро познати ликови нема да се вратат.
Неодамнешните објави на Патрик Џеј Адамс, попознат како Мајк Рос од популарната серија, поставија вистинска загатка, а досега невидените фотографии од старата екипа ги подгреаа гласините дека актерот сака да ни каже дека се враќа во новата серија. – а прашање е кој се ќе се врати со него.
Со оглед на тоа дека Меган сака да ја зацврсти својата позиција во светот на познатите, не е исклучено дека подготвува големо враќање во популарната серија.