Иако се уште нема причина за паника, се укажува на тоа дека мажите полека ќе бидат се помалку поради различниот однос на гените во машките и женските хромозоми.
Професорката Џени Грејвс тврди дека на мажите им се заканува изумирање, но не само тоа: уверена е дека тој процес веќе е почнат. Таа е една од највлијателните научници во Австралија, а верува дека жените ќе ја добијат битката меѓу половите во буквална смисла. Таа тврди дека слабеењето на хромозомот Y значи дека машкиот пол е на сигурен пат кон изумирање.
Што се случува? Женскиот хромозом Х кој го имаат по два, содржи околу 1000 гени. Од друга страна, хромозомот Y порано имал речиси ист број на гени, но по стотици милиони години паднал на помалку од 100. Меѓу нив се наоѓа и т.н. SRY ген кој ги одредува машкиот пол на ембрионот.
Клучот на преживување на жените лежи во тоа што тие поседуваат два хромозома Х па тие меѓусебно можат да се поправаат, додека кај хромозомот Y тоа е многу тешко, со оглед на тоа дека е сам. – Ако Y прими удар, тоа е само намалување на бројот. Тоа е многу лоша вест за сите мажи – изјави на неодамнешно предавање.
Освен тоа, во излагањето пред Австралиската академија на науки, таа рекла дека преостанатите гени во хромозомот Y повеќето се смет. Тоа е одличен пример на тоа што јас го нарекувам глупав дизајн. Тоа е еволутивна грешка, изјави оваа генетичарка.
Сепак, тука има и една добра вест. Грејвс проценува дека ќе бидат потребни околу 5 милиони години хромозомот Y да исчезне во целост, а други експерти потенцираа дека нема причина за паника. Робин Ловел Баџ, професор од Националниот институт за медицински истражувања во Лондон, вели дека истражувањата покажале дека пропаѓањето се одложува во флешеви и дека хромозомот Y не изгубил ниту еден ген во последните 25 милиони години.