Иако жените продолжуваат да се борат за своите права и родовата еднаквост, некои работи и натаму остануваат само машки.
Резултатите од истражувањето на Универзитетот во Калифорнија покажуваат дека ниту еден од анкетираните мажи, а ниту поголемиот број на жени не биле воодушевени од идејата девојката да го запроси дечкото.
Со истражувањето биле опфатени 300 студенти. Сите мажи одгоовориле дека не сакаат да бидат запросени од девојката, а само три отсто од жените се изјасниле дека имаат желба да го постават „големото прашање“.
Резултатите покажуваат и дека младите задржуваат некои традиционални вредности, посебно кога станува збор за земање на презимето на партнерот. Така, 60 проценти од жените изјавиле дека ќе го земат презимето на мажот, а 64 отсто од мажите истакнале дека никогаш не би го земале презимето на својата жена.