Македонија го одбележува Светскиот ден на аутизмот

Од:

Под мотото „Еден свет за сите“ Македонија по трет пат годинава го одбележува Меѓународниот ден на аутизмот. Централната манифестација ќе се одржи во Скопје сити мол во организација на здружението „Во мојот свет“ под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.

Децата, заедно со поддржувачите на кампањата, ќе составуваат сложувалка со боите на аутизмот, а ќе биде приредена и музичка програма.

Целта е да се придонесе за подобрување на условите за живот на оваа ранлива група граѓани.

По повод Меѓународниот ден, делегација на Македонското научно здружение за аутизам и семејства кои имаат деца со аутизам ќе го посетат претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Целта е со посетата  да ја подигнат јавната свест за аутизмот во Македонија и да покажат дека ооваа популација не е маргинализирана.

Од здружението „Во мојот свет“ посочуваат дека во Македонија не постои официјален регистар на лица со аутизам, но се проценува дека има 2.500 лица со аутизам и 12.000 кои влегуваат во аутистичниот спектар на нарушување.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека во соработка со Министерството за здравство почна реализацијата на идејата за воспоставување национален регистар на лица со аутистичен спектар на нарушување. Се надеваат дека националниот регистар ќе биде појдовна основа за креирање национална стратегија за справување со атуистичниот спектар на нарушување. Очекуваат и да се зголеми свеста на јавноста и на професионалците за овој проблем, да се унапреди едукацијата на стручните кадри за работа со деца и лица со аутизам и да се формираат што поголем број специјализирани центри за лица со аутизам.

– Значајна и длабока човечка смисла се открива при секој потфат за заштита, рехабилитација, воспитување и образование на лицата со аутизам, затоа што тоа е една од најблагородните и најзначајни активности кое што во рамките на своите надлежности може да ги спроведе Министерството за труд и социјална политика во соработка со останатите надлежни субјекти. Таквата висока вредност и смисла не обврзува сите нас, секој од својот домен на делување, на еден посебен начин да придонесеме кон развој на еден единствен квалитетен систем на здравствени, социјални, рехабилитациски и воспитно-образовни установи, служби, институции, со еден збор хуман однос кон оваа категорија на лица, велат од Министерството.

Најавуваат дека како една алка од овој интегративен систем го подготвиле и до крајот на овој месец целосно ќе го стават во функција Дневниот центар за деца со аутизам, кој што ќе биде потврда на напорите што се вложуваат, овие деца да се интегрираат во општеството и да не останат на неговите маргини.

Во Центарот, кој како организациска единица ќе функционира во рамките на  Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, а просторно ќе биде сместен во Заводот за рехабилитација на деца и младинци-Скопје, ќе бидат опфатени вкупно 20 деца со аутистичен спектар на нарушувања, кои ќе бидат распоредени во  три возрасни групи од 5-10 години, 10-15 години и 15-18 години, со кои што ќе работи посебно обучен тим од 4 специјални едукатори-дефектолози, еден логопед, еден психолог, еден социјален работник, еден физиотерапевт, медицинска сестра и двајца негователи, што само по себе докажува каков вид и степен на заштита и рехабилитација ќе им се даде на овие деца во овој Дневен центар.

Поголем број од децата со аутизам се веќе интегирани и во постојните 23 дневни центри за деца со пречки во развојот, кои што обезбедуваат услуги на дневно згрижување и престој, нега, исхрана, психосоцијална рехабилитација и реедукација, советодавна работа и услуги на организирано поминување на  времето на децата со умерени и тешки пречки во менталниот развој, кои што се на возраст од 5-18 години и истите се наоѓаат во ризик од маргинализација или институционализација.

Од Министерството додаваат дека како поддршка на семејствата на децата со аутизам, во континуитет еден од родителите, на овие деца го остварува правото на посебен додаток согласно Законот за заштита на децата во висина од 4.200 денари, а истовремено доколку нивните родители или старатели се во работен однос согласно со позитивните законски прописи може да го остварат и правото на надоместок на скратено работно време.

Аутизмот е биолошко развојно нарушување на мозокот. Главни карактеристики се слаба или никаква социјална интеракција и комуникација, ограничени активности и повторувачки шеми во однесувањето. По тие карактеристики аутизмот се разликува од останатите нарушувања од групата нарушувања од групата нарушувања од аутиситичниот спектар.

Причините за ова нарушување не се во целост познати, но голем број експерти тврдат дека до него водат различни причини.

Институциите кои ги третираат лицата со аутизам порачуваат дека е многу значајно раното дијагностицирање. Со современите знаења, средства и методи аутизмот може да се детектира најрано на возраст од околу 18 месеци со што се создава основа за интервенција кога мозокот е во фаза на формирање. Со раното откривање на аутизмот може да се обезбеди излез за аутистичните деца како и за луѓето околу нив.

Важна е и раната консултација на родителите со педијатарот и психијатарот и низ мултицисциплинарен преглед во институционална фаорма правилно да може да се лоцира симптоматологијата на аутизмот и да ги препознае критеријалните однесувања кои го лоцираат аутизмот. Родителите обично ги забележуваат симптомите во првите две години. Симптомите обично се развиваат постепено, но има исклучоци кај некои деца со аутизам, кои отпрво се развиваат нормално, а потоа нивниот развој назадува. Иако преземањето мерки во поглед на воспитување или учење за спознавање на светот уште во раниот период од детството може да им помогне да станат способни да се грижат за самите себе, да комуницираат и да се социјализираат, не постои лек кој делува 100-процентно. Не многу деца со аутизам се осамостојуваат и живеат независно по стекнувањето полнолетство, иако некои од нив стануваат успешни. Развиена е и култура на аутистите, во рамките на која што некои бараат лек, додека пак други веруваат во тоа, дека аутизмот не треба да се третира како нарушување, туку да се толерира како разлика.

Очигледните симптоми се појавуваат постепено по 6-месечна возраст, веќе можат да се потврдат од 2 до 3-годишна возраст, и имаат тенденција да продолжуваат да се појавуваат во зрелите години, но често во променета форма. Аутизмот не се утврдува со само еден симптом, туку со карактеристичната тројка од симптоми: нарушувања во способноста за социјализација, нарушувања во способноста за комуникација и ограничени интереси и повторливо однесување. Има и други чести симптоми, како необичниот начин на јадење, но тие не се пресудни при дијагностицирањето. Карактеристичните симптоми на аутизмот се појавуваат низ целиот свет, и на тој начин што аутистите не се разликуваат драстично од остатокот од населението, при што исто така нема и некоја остра линија помеѓу поблагите и потешките патолошки случаи на аутизам.

Аутистичните бебиња обрнуваат помалку внимание на општествените стимуланси, поретко се смеат, поретко ги гледаат другите околу нив и поретко одговараат на нивното име. Аутистичните дечиња поочигледно отскокнуваат од општествената норма, на пример поретко имаат директен контакт, поретко се вртат на повик и поверојатно е да комуницираат со тоа што би ја движеле раката на некој друг. Аутистичните деца од 3 до 5 годишна возраст уште помалку покажуваат дека го разбираат општеството, тие им приоѓаат на други луѓе спонтано, имитираат, реагираат на емоции, комуницираат невербално и се вртат кога некој ќе ги повика. Но, сепак тие развиваат поврзаност со нивниот првичен негувател. Повеќето аутистични деца не развиваат таква поврзаност со негувателите, која ја доживуваат како заштита од општеството, за разлика од децата кои не се дијагностицирани со аутизам, но оваа разлика ја нема помеѓу обичните деца и децата со повисок степен на психички развој или понизок степен на НСА. Постарите деца и возрасните со НСА покажуваат полоши резултати на тестовите за препознавање на лица и емоции.

Поновите истражувања покажуваат дека тој се јавува почесто од Дауновиот синдром, од ракот кај децата или глувоста. Почесто се јавува кај машките, отколку кај женските деца и тоа за четири пати.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он