Мајкл Китон: Бетмен е културолошка икона

Од:

Мајкл Китон по речиси 30 години, повторно го глуми Бетмен. Овојпат во филмот каде што главен и насловен лик е, всушност, еден друг суперхерој – Флеш.

– Сега го сфаќам ова на сосема поинакво ниво. Целосно го почитувам. Го почитувам она што луѓето се обидуваат да го направат. Никогаш не сум го гледал (Бетмен) како: „Ох, ова е само глупава работа”. Не беше глупаво кога го глумев Бетмен, но тоа стана огромна работа, културолошки. Тој е икона. Така, јас сега имам уште поголема почит кон тоа… Сега дури и велам: Исусе, ова е огромно!, изјави Китон.

Инаку, во филмот се појавува уште еден „Бетмен“ – Бен Афлек. Во однос на главната улога, Езра Милер ќе го глуми ликот на Бери Ален / Флеш. Филмот е најавен за следната 2022 година.

Инаку, говорејќи за политичките погледи и заложби, Китон истакна дека ако некој е славен, може да направи повеќе штета, отколку помош со своето присуство или истакнување.

– Знаете ли што забораваат луѓето? Сите ние сме само обични луѓе, од некаде во Синсинати, или Отава, или Кливленд, наведе актерот.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска