Маите: Не ширете лаги за крајот на светот

Од:

Маите во Гватемала ја обвинија владата и туристичките организации за ширењето на митот за крајот на светот од чиста алчност.

„Го креваме гласот против измамите, лагите, извртувањето на вистината и против претворањето на нашиот фолклор во извор на профит“, изјави Фелипе Гомес, претседателот на здружението на Маите.

„Тие не ја зборуваат вистината за временските циклуси“, додаде тој, мислејќи на филмовите и документарците кои го користат календарот на Маите кој предвидува крај на светот на 21.12.2012 година.

За „секој случај“ министерството за култира на Гватемала огранизира масовна манифестација на која се очекува да присуствуваат повеќе од 90.000 луѓе

Претставниците на Маите побараа да се откаже манифестацијата која ја навредува нивната култура. Стручните лица наведуваат дека за Маите на 21 декември престанува еден календарски циклус, но не и светот.

„Новиот циклус означува почеток на големи промени на личен и семеен план, како и на ниво на заедницата за меѓу луѓето и природата да настапи рамнотежа“, се наведува со соопштението на Маите.

Повеќе од половината на жителите на  Гватемала, која брои 15 милиони, имаат потекло од Маите.

Календарот на Маите започнува во 3114-та година пред нашата ера и го дели времето на периоди од 400 години познати како бактуни. Тие изброиле 13 бактуни, од кои последниот завршува на 21.12.2012 година.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он