Славната поп-ѕвезда, Мадона, троши 120 илјади долари месечно за да биде во изолација во луксузната вила во Беверли Хилс за време на пандемијата од коронавирусот.
62-годишната кралица на попот поседува три огромни недвижнини, две во Њујорк и една во Португалија, а сега изнајмува вила во Лос Анџелес за да се изолира од вирусот.
Вилата е првобитно изградена во 1940 година за актерот Берт Лар, кој се прослави во филмот „Волшебникот од Оз“. Од тогаш во неа живееле многу познати личности, како Пол Мекартни, Мараја Кери и семејството Озборн.
На почетокот на 90-тите, имотот од скоро еден и пол хектар бил во сопственост на актерите Мелани Грифит и Дон Џонсон, кои тогаш беа во брак, а вилата неодамна е ставена на продажба за скоро 20 милиони долари.
Скриена е позади висока жива ограда и импозантни железни капии. Куќата од 1.400 метри квадратни има седум спални соби и седум купатила. Во дворот се наоѓа гостинска куќа со уште две спални соби и две купатила.
Внатре се наоѓаат и простории за забава па Мадона полесно ја поминува изолацијата.
Во вилата се наоѓа и куглана, соба за игри, домашно кино и екстравагантен бар. Во дворот има огромна градина, кујна на отворено, тениски терен, базен и спа.