Мадона на концерт во Москва повика да бидат ослобoдени трите жени од „Пуси рајот“

Од:

Поп ѕведата Мадона повика синоќа од сцената на Олимпискиот стадион во Москва да бидат ослободени девојките од панк групата „Пуси рајот“, осудени поради акцијата во еден од московските храмови, во која испеаја „панк молитва“ за отстранување на Путин.

Вчера вечер, среде концертот во руската престолнина, Мадона рече дека сака да им се заблагодари на сите нејзини фанови во Русија и оти ќе испее песна за слободата, но пред тоа сака да каже и неколку збора.

Сите кои сега стојат со мене на сцената се од различни земји, од Америка, Англија, Русија, некој е Евреин, некој е Французин. Но ние сме заедно и најважно е да бидеме луѓе. Сакам да кажам за „Пуси рајот“. Маша, Надја, Катја!. Тие плаќаат висока цена за постапката и се надевам дека ќе ги пуштат. Сакам во светот да владее мирот, слободата и талентот, изјави Мадона.

Арија Алјокина (24), Надежда Толоконикова (22) и Екатерина Самучевич (29) пред олтарот на главната московска катедрала, на 21 февруари ја изведоа својата „панк молитва“, повикувајќи ја Богородица да го отстрани Владимир Путин од Русија.

Би можело да ве интересира

Мадона доцнела на концерт, фанови ја тужат дека им го трошела времето

А1он

(ВИДЕО) Цензурираната реклама на Мадона за Пепси конечно објавена по 34 години

Катерина Ѓуровски

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Кралица на попот го слави својот 65-ти роденден

Мадона: Наскоро, многу наскоро, патувам кај вас

Горан Наумовски

Мадона ја напушти болницата, сега е на домашно лекување