Лувр одбележува 500 година од смртта на Леонардо да Винчи

Од:

Парискиот музеј Лувр денеска отвора изложба посветена на 500-годишнината од смртта на славниот сликар Леонардо да Винчи. На неа ќе се најдат дела на уметникот од самиот трезор на музејот, но и од други институции ширум светот.

Изложбата ќе опфати околу 160 негови дела – слики, десетина научни трудови и нацрти, како и слики на други уметници од неговото опкружување.

Посетителите ќе можат да уживаат и во виртуелен приказ посветен на „Мона Лиза“ – можеби најпознатото дело на Да Винчи, коешто се наоѓа во редовната постава на парискиот музеј.

Изложбата ќе трае до 24 февруари следната година. Лувр до понеделникот имаше продадено 220.000 влезници.

Би можело да ве интересира

Лувр ја постави првата жена за директор во својата историја

Жарко Настоски

Коронавирусот го затвори Лувр во Париз

А1он

Изложбата на Леонардо да Винчи во Лувр достапна само со претходна резервација

Исчезна најскапата слика на светот

„Лувр Абу Даби“ го одложи прикажувањето на сликата Спасител на светот

Наум Локоски

Лувр отвора изложба во Техеран

Ана Ололовска