Изложбата на Леонардо да Винчи во Лувр достапна само со претходна резервација

Од:

Сите оние кои ќе сакаат да ја посетат изложбата на Леонардо да Винчи во Лувр ќе мораат претходно да резервираат билет преку интернет, вклучувајќи ги и оние кои имаат бесплатен пристап или бесплатен влез во музејот, резервациите можат да се направат започнувајќи од 18 јуни, односно четири месеци пред почетокот на изложбата, јави дописникот на МИА.

Изложбата на Да Винчи, која ќе биди отворена на есен во Лувр за 500-годишнината од смртта на големиот ренесансен сликар. Но, поради заинтересираност потребна а претходна резервација, при што посетителот ќе треба да го наведе денот и часот.

Не е првпат Лувр да воведе резервации. Тоа беше случај со изложбата Вермер во 2018 година. Но, за Да Винчи билетите ќе може да се резервираат многу порано.

Во 2018 година околу 10,2 милиони посетители или 30.000 посетители дневно го посетија музејот Лувр.

Изложбата на дела на Леонардо да Винчи е една од големите настани во уметничката година во Париз. Франција се надева на заеми од италијанските музеи и други француски и европски музеи. Италија ја покажа својата чувствителност кон Франција за работата на овој сликар кој ги поминал само последните три години од својот живот во Турен на покана на Франсоа Први. Италија тврди дека Франција „го присвојува“големиот италијански уметник.

Претседателот Емануел Макрон го покани својот италијански колега Серџо Матарела да ја прослави 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи следниот четврток, 2 мај, во Амбуаз и Шамбор.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден