Љубовницата на поранешниот италијански министер во нов скандал: Поради очилата и е забранет влез во парламентот

Од:

Марија Росарија Боча, жената во центар на скандалот што доведе до оставка на италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано, повторно е во очите на јавноста откако и беше забранет влез во италијанскиот парламент.

Според италијанските медиуми, модната претприемачка и инфлуенсерка носела пар наочари Ray-Ban Stories опремени со мала камера и микрофон, се со цел да може да снима што се случува во парламентот. Недолго потоа, Боча објави и видео на својот Инстаграм профил, по што реагираше раководството на парламентот.

„Комисијата за безбедност на Претставничкиот дом донесе одлука да го забрани влезот на Боча поради нејзиното неовластено снимање на особено чувствителни локации“, објавија тие.

На почетокот на овој месец, Боча се осврна и на обвинувањата за носење ваков тип на очила и рече дека нејзината намера е да го приближи Парламентот и неговата работа до своите следбеници на социјалните мрежи и тврдеше дека не направила ништо незаконско.

Боча се најде во афера откако италијанскиот министер за култура призна дека се обидел да ја вработи како советник во министерството.

Поради зголемен притисок од јавноста, министерот поднесе оставка, но приказната за аферата во тој момент ни оддалеку не беше завршена. Се испостави дека Боча била и љубовница на министерот, а за целата ситуација дојде во конфликт со премиерката на Италија Џорџо Мелони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Симпсонови ги предвидоа и пожарите во Калифорнија

Предраг Петровиќ

Џенифер Лопез е загрижена за Бен Афлек

Предраг Петровиќ

Пожарот престана токму пред палатата на Том Хенкс

Предраг Петровиќ