[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Научници од Универзитетот во Пенсилванија, дошле до револуционерно откритие кое покажува дека нашето тело е во состојба само да го совлада ракот.
Имено тие го одвоиле протеинот „trail“, кој според нив помага имунолошкиот систем да го спречи растот и развојот на туморт во организмот.
Бидејќи проетеинот е дел од човечкиот имунолошки систем, тој не е отровен и не влијае негативно врз целокупната здравствена состојба, како хемотерапија или зрачење.
Доколку со одредена доза на молекулот ТИЦ10 се третира подрачјето зафатено со канцер, се активира ген за споменатиот протеин, и со класична терапија против ракот, помага имунолошкиот систем да се избори со малигните ќелии.
Она што е особено значајно кај ова откритие е тоа што молекулот ТИЦ10 е доволно мал и е во состојба да ја пренасочи мозочната препрека и од крвта директно да премиен во тумор во дел од мозокот, што до сега беше невозможно.
-На почетокот на истражувањето не можевме ниту да претпоставиме дека овој молекул може да помогне при лечењето на луѓето со тумор на мозок, па така за нас ова е навистина пријатно изненадување – изјави главниот истражувач, онкологот Вафик Ел Деири.
Уште една позитивна страна на ова откритие е тоа што ТИЦ10 не го активира генот „trail“, само кај канцерогени ќелии, туку и кај оние кои на прв поглед делуваат здраво.
-Многу сум изненаден и инпресиониран од она што го направивме . Со користењето на мини-молекулата успеавме да ја надминеме препреката за активирање на протеинот, со што на организмот му е овозможено да се бори против ракот – изјави тој.
На ова откритие ќе му бидат потребни уште неколку клинички истражувања, за да конечко молекулот ТИЦ10 почне да се применува во терапијата на луѓето.