Пол Хил (46) почна да го губи видот пред десет години кога дегеративната болест почнала да влијае на неговото лево око, а потоа се проширила.
И покрај бројните обиди на лекарите да го сочуваат видот, тој сепак ослепе мината година.
– Лекарите ми рекоа дека е готово, не постоеше ништо што би можело да влијае и дека ќе останам слеп. Ова беше голем голем шок за мене, рече Хил и додаде дека веќе долго време гледал замаглено.
Пол, инаку татко на две девојчиња, кој работел во дигитален маркетинг, одби да бара помош од пријателите и да се откаже од работата и наместо тоа научил секој ден внимателно да вози велосипед до фирмата.
За жал, набрзо се соочил со уште еден шок- прогласен е за технолошки вишок.
И кога мислел дека веќе нама надеж, се случило чудо и неговиот вид почнал да се менува.
– Мојот вид почна да се менува на подобро и тогаш во целост се врати. Лекарот беше збунет, остана без зборови. Медицинската сестра само рече дека тоа е чудо, раскажа Хил.
Тој мисли дека годините помогнале состојбата да му се подобри, затоа што оваа болест главно потешко ги погодува повозрасните.
– После ужасно тешки години можам да речам дека буквално гледам светло на крајот на тунелот, рече овој среќен човек.