Лаги со кои жените се утешуваат, ама и си веруваат

Од:

Секој понекогаш има потреба од некоја мала лага. Без оглед на причината, сепак тоа може да стане и сериозен проблем кога човек ќе се навикне постојано да верува на некои „реченици“ и да заборави дека не се вистинити. Се разбира, сите се лажеме, но жените имаат малку поинаков систем за „себелажење“.

Запрашајте се колку често си го велите ова и ако е повеќе отколку што треба, време е за промени. Не заборавајте, сето ова е за ваше добро.

Сексот ќе реши се?!

Дали проблемите во бракот или во врската ги решавате со секс? Дали сте од оние жени кои подобро би завршиле во кревет, отколку во бурна расправија? Време е да ја разгледате оваа ваша стратегија и како таа всушност функционира. Можеби вистинското решение не го наоѓате на вистинскиот начин, затоа што проблемите ќе останат и ќе се повторат. Потребно е правилно да го решите она што ве мачи, да разговарате, иако судирот со вашиот партнер ви изгледа премногу напорен. Соберете сила и решете го проблемот, а потоа повторно можете да му се препуштите на секосот.

Потребен ми е само уште овој фустан (чевли, накит… ) ?!

Ова е една од најчестите лаги што жените си ги кажуваат и има директно влијание врз длабочината на џебот. Кога жената ќе здогледа фустан, или чевли што и се допаѓаат, линијата помеѓу „сакам“ и „потребно ми е“ е невидлива. Резултатот е преполниот плакар со гардероба што најчесто ќе ја облечете само еднаш во животот. Наједноставно решение е да се одреди буџет за шопинг и да се држи строго до него.

Ова ќе го носам засекогаш ?!

Оваа реченица е само уште една варијанта на претходната и само уште еден обид да се најде доволно добра причина да се купи облека. Бидете искрени со себе, дали ќе заштедите повеќе ако си го држите паричникот во торба или ако ја носите оваа работа засекогаш? Ако навистина сакате да заштедите, пребарајте си го плакарот и видете што се сте купиле, а не сте го облекле повеќе од еднаш.

Од утре ќе почнам да вежбам?!

Ако навистина сакате да вежбате, започнете од денес. Ќе се чувствувате многу подобро и ќе бидете позадоволни со себе си, а плус и ќе си го олесните утрешното „започнување“ со вежбањето.

Не е љубоморен, само многу ме сака?!

Вашиот љубовник многу тешко го прифаќа фактот дека вие разговарате со некој пријател макар и за најобична работа, а вие сте убедени дека тој со таа негова постапка, само ја покажува неговата љубов? Не го оправдувајте неговото ирационало љубоморно однесување бидејќи, иако малку љубомора е нормално, сепак малку повеќе од неа сигурно не е.

Секогаш сме заедно затоа што премногу се сакаме?!

Кој не сака да го помине своето слободно време со партнерот? Еден дел од слободното време – да, но целото слободно време? Дали навистина веруваме дека секогаш треба слободното време да го поминеме со него? Ако поминувате толку многу време заедно, кога планирате да одвоите малку простор за себе? Не заборавајте дека сте првенствено независна личност и дека љубовта не значи оти вашиот партнер мора да биде нон-стоп до вас и мора да знае за се што правите. Излегувајте и со своите пријателки/ и, обезбедете си малку одделен живот. Дајте му прилика да му недостигате.

Потребен ми е маж во животот?!

За што поточно ви треба? Дајте си време да се опуштите по разводот, или врската. Искористете ги предностите и времето да се запознаете себе си. Во меѓувреме, ако се појави некој, супер. Но, никогаш не прифаќајте маж во животот само затоа што мислите дека ви е потребен. Љубовта би требало да биде магична, а тогаш подобро е да се биде сам, отколку со билокој.

Кога се грижам за своето семејство им докажувам дека ги сакам?!

Секако, но без преголеми жртви. Дали вашето дете ќе мисли дека го сакате затоа што сте му ги испрале панталоните дури и кога сте „мртва“ уморна, или поради тоа што ќе го прегрнете кога му е најтешко? Зошто мислите дека љубовта мора да биде поврзана со загриженоста? Дозволете си да се релаксирате заедно, да се забавувате, да разговарате, да го откриете светот. Тогаш ќе забележите како љубовта цвета.

Премногу сум стара за… ?!

Годините се само број и немаат никакво влијание на она што го сакате. Никогаш нема да бидете престари за да си дозволите малку забава, љубов или нова диплома. Посветете внимание на вашите чувства, наместо на годините и откријте го она што ве прави среќни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска