Користејќи се со стратегијата наречена „маркетинг на гладта“, при што кинеската компанија „Ксиаоми“ нуди само ограничени серии на достапни апарати, купувачите во Индија откриле дека имаат само две секунди за да дојдат до својот смартфон Ми3.
Според компанијата „Ксиаоми“, на сајтот Флипкарт за само две секунди била распродадена целата пратка од 15.000 примероци на смартфонот Ми3.
Некои корисници тврдат дека за време на процесот на купување на апаратот откриле дека тој всушност станал недостапен, бидејќи сите телефони биле земени за само две секунди.
Маркетиншката стратегија на „Ксиаоми“, комбинирана со апаратите со импресивна спецификација и ниска цена, очевидно дава одлични резултати.
Оваа компанија веќе го повлече „Самсунг“ од првото место во Кина, испорачувајќи 15 милиони апарати на почетокот на оваа година.