Крокодил станал вегетариjанец

Од:

Крокодилот Бабија, за кој 70 години се грижат монаси во Индија, станал вегетаријанец. Монасите велат дека рептилот што живее во езерцето блиску храмот, е целосно безопасен и не нападнал никого, пренесува БГНЕС.

dobivaj vesti na viber

Крокодилот живее кај храмот „Анантапададманабхасвами“ речиси целиот свој живот, не напаѓа луѓе и јаде ориз, па тамошните жители веќе го сметаат за вегетаријанец. Секој ден јаде по еден килограм варен бел ориз… Еден монах од манастирот му става ориз директно во устата, два пати на ден – во 8 часот наутро и напладне или навечер.

– Тој не јаде месо. Не ги напаѓа ниту рибите во езерото, изјави монахот Чандра Пракаш.

Стручњаците, сепак, сметаат дека крокодилот не може да јаде само ориз и не може да преживее толку многу години без животински протеини. Зоологот Анирбан Чаудари вели: „Крокодилот во езерото веројатно јаде риба, покрај оризот, и развил условен рефлекс“.

Бабија веќе е ѕвезда, па многу туристи доаѓаат да го видат специфичниот миленик на монасите.

Би можело да ве интересира

Мрмотот Фил прогнозира уште шест недели зима

А1он

Британска енергетска компанија препорача потрошувачите да се греат до домашните миленици, па се извини

Ана Ололовска

Почина стаорецот Магава кој доби златен медал за откривање мини

Ана Ололовска

Миленичињата позитивно влијаат при карантин и изолација

Ана Ололовска

Истражување: Кучињата можат да поврзуваат зборови со предмети

Ана Ололовска

„Мачка со две лица“ – хит на Инстаграм

Ана Ололовска