Британската кралица Елизабета Втора, која беше во болница на „прелиминарни прегледи“, се врати во замокот Виндзор, соопшти Бакингемската палата.
„Кралицата отиде в болница во средата попладне на прелиминарни прегледи и се врати во Виндзор напладне во четвртокот, и таа е во добро расположение“, се вели во краткото соопштение на палатата, објавено доцна синоќа.
Кралицата Елизабета Втора (95) завчера „неволно“ го прифатила советот на лекар да одмори неколку дена и да ја откаже посетата на Северна Ирска.
Кралицата мина период во карантин поради коронавирусот во замокот Виндзор во близина на Лондон, а и покрај гласините дека ќе се пензионира по смртта на нејзиниот сопруг Филип, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни обврски.