Кралицата Елизабета на 95 години „растрчана“ по кризни состаноци поради интервјуто на Меган и Хари

Од:

Британската кралица Елизабета Втора изминатите денови постојано била на кризни состаноци, по интервјуто на нејзиниот внук, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, во кое беа изнесени сериозни обвинувања на сметка на кралското семејство.

Според извори на британските медиуми од Бакингемската палата, кралицата, која во април ќе наполни 95 години, „неуморно работела да го поправи имиџот на Круната“. Таа, иако наводно не го гледала интервјуто, била темелно информирана од нејзините помошници за тврдењата кои ги изнесоа Меган и Хари.

„Од интервјуто наваму, Кралицата едвај да имаше време за себе, затоа што постојано е на кризни состаноци,“ вели изворот, кој додава дека таа „секогаш била со благ став спрема Хари и внимавала на него, па била неверојатно повредена и шокирана затоа што дошло до тоа“.

„Таа се обидува да биде разумна и работите да ги согледа од перспектива на Хари, но тешок е да се прифатат наводите кои ги изнесоа принцот и Меган. Интервјуто го разори кралското семејство,“ вели изворот од Бакингемската палата за британските медиуми.

Во контроверзниот разговор со водителката Опра Винфри, кралската снаа Меган, чиј сопруг Хари, помладиот син на престолонаследникот Чарлс, лани се откажа од правото на британскиот престол, обвини дел од семејството за расизам кон нејзиниот син Арчи. Членови на кралската фамилија, според Маркл, биле загрижени каква боја ќе биде кожата на Арчи, со оглед на тоа што неговата баба, мајката на Меган, е афроамериканка.

Меган исто така кажа дека помислувала на самоубиство, откако побарала помош за да се извлече од тешката психолошка состојба, но била игнорирана од страна на Бакингемската палата.

Во својата реакција, по цели два дена молчење, Круната соопшти дека „жали што Хари и Меган се повредени“, но посочи и дека „на некои настани се сеќаваме поинаку“.

Би можело да ве интересира

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска