Рузмаринот е позната и популарна повеќенаменска билка која, слободно може да се каже, воодушевува со својот мирис. Нејзините ливчиња со векови се користат како традиционален лек. Освен тоа, рузмаринот го стимулира растењето на косата, поттикнувајќи го нејзиниот прекрасен мирис.
Меѓу другото, добра вест е дека оваа ароматична билка ја подобрува меморијата, но и циркулацијата на крвта.
Чајот од рузмарин може да се користи како тоник за плакнење на косата кој ќе ѝ подари сјај. Исто така, рузмаринот помага и во борбата против непријатниот првут, но и кај губитокот на косата коj се јавува како последица на стрес.
Чајот од рузмарин можете да го приготвите на следниот начин: во шолја заовриена вода ставете три мали лажички свежи или суви ливчиња рузмарин, поклопете ги и оставете ги да отстојат 10 минути. Во текот на денот можете да пиете по две шолји од овој чај за да го спречите опаѓањето на косата (поради слабата циркулација), но и да го поттикнете нејзиното растење.