Ќе живееме вечно: Холандски научници ја открија тајната на смртта?

Од:

Обично се вели дека ништо во животот не е извесно како смртта, но неодамнешното откритие на холандските научници би можело таа изрека да ја доведе во прашање.

Благодарение на развојот на медицината, луѓето живеат значително подолго, но и покрај тоа што науката се уште не може да ни вети долговечност, постојат истражувања, кои се обидуваат да разоткријат кои процеси во организмот предизвикуваат стареење, намалување на ткивата и органите и како уште да се одложи смртта.

medicina-istrazuvanje (1)

Анализата на крвта на некогашната најстара жена на светот Хендрикје ван Андел Схипер од Холандија , која почина во 2005 година на 115 годишна возраст, дава можни одговори. Дури и во длабоката старост таа имала здрав дух и здраво тело. Причина за нејзината смрт досега не е позната, со оглед на тоа што сите нејзини анализи биле речиси совршени.

Кога имала 85 години, таа го ветила свото тело на науката, со услов сите резултати јавно да бидат објавени. Тогаш секако не се ни посомневала каков подарок ќе им остави на генетичарите.

medicina-istrazuvanje (4)

Повеќе од триесет години подоцна, одлуката на оваа баба им овозможила на научниците да ги проучат нејзините „супер гени“. Тие неодамна ја анализирале нејзината крв и другите ткива со цел да откријат како староста влијаела врз нив.

Резултатите покажале дека животниот век во крајна линија зависи од способниста на матичните клетки да продолжат со секојдневниот процес на обнoвување на ткивата.

Кога во одреден момент тие сами ќе ја достигнат границата на својот живот и започнат да изумираат, виталните органи и крвните клетки престануваат да се обновуваат.

medicina-istrazuvanje (6)

Примерокот од крв покажал дека на крајот од нејзиниот живот опстанале само две активни матични клетки, кои го одржувале нивото на белите крвни зрнца, што значи дека речиси сите матични клетки во крвта со кои се родила до тогаш изумреле.

– Помислив дека тоа е невозможно. Само две активни матични клетки? Бев убедена дека се работи за грешка – вели лидерот на истражувањето Хене Хостеге од ВУ Медицинскиот центар во Амстердам.

medicina-istrazuvanje (7)

Кога ќе се роди човекот има околу 1.300 активни матични клетки во крвта, кои постојано се делат и така ја регенерираат крвта.

– Дали тоа значи дека постои граница за поделба на матичните клетки, а со самото тоа и граница на човековиот живот? Дали би било можно да се продолжи со обнова на резервите, кои би ги издвоиле во тек на животот- прашува таа.

Холандските научници покрај овие откритија, дошле до уште една потврда дека во организмот доаѓа до изумирање на матичните клетки. Анализите покажале дека теломерите, заштитните врвови на хромозомите на матичните клетки во крвта биле значајно потрошени.

medicina-istrazuvanje (2)

Теломерите се скратуваат во текот на животот, со секоја поделба на клетките. Кога ќе станат премногу кратки, делбата на клетките веќе не е можна и клетките изумираат.

Се смета дека тие се однесуваат како некој биолошки часовник кој го одредува моментот на смрт на матичните клетки.

medicina-istrazuvanje (5)

Научниците сметаат дека истражувањето отвора можност за подмладување на телото со инјекции од матични клетки, кои што се издвоени и сочувани во тек на животот.

Сепак, се уште сме далеку од тие манипулации. Освен тоа, иако крвта има доминантна улога во продолжување на животниот век, не треба да се заборави дека откажувањето на работата на органите е најчеста причина за смрт.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он