Кирстен Данс и Ванеса Паради во жирито на Канскиот филмски фестивал

Од:

Актерките Кирстен Дунс и Ванеса Паради, актерот Доналд Сатерланд и режисерот Арно Деплешен ќе бидат во жирито на 69. Меѓународен филмски фестивал во Кан, соопштија организаторите.

Во жирито, со кое претседава австралискиот режисер Џорџ Милер, уште ќе бидат и италијанската режисерка Валерија Голино, младиот унгарски режисер Ласло Немаш, данскиот актер Мадс Микелсен и иранската продуцентка Катајун Шахаби. Од девет членови на жирито, четири се жени.

Вкупно 20 филмови ќе се натпреваруват за престижната награда Златна палма на овогодинешниот кански филмски фестивал кој трае од 11 до 22 мај. На списокот на филмови се наоѓа и филмот „Џулијета“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, „The last Face“ на американскиот режисер Шон Пен и „Paterson“, Џим Џармуш.

Фестивалот ќе го отвори новиот филм на Вуди Ален „Cafe Society“, со Кристен Стјуарт и Џеси Ејзенберг во главните улоги.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата