Кинеска инфлуенсерка која се обидела да изгуби 100 килограми наводно починала додека била во камп за слабеење во северозападна Кина. Поради смртта на 21-годишната Куихуа, државните медиуми предупредија на безбедносните ризици во камповите за слабеење и изразија загриженост за притисокот под кој се жените кои се очекува да се усогласат со популарните стандарди за убавина, пишува CNN.
Покрај тоа, контролата на инфлуенсер индустријата се интензивираше откако пред само неколку недели еден млад човек почина додека се снимаше како пие неколку шишиња алкохол.
Куихуа го објавуваше своето слабеење на своите десетици илјади следбеници на социјалната мрежа Douyin, верзија на TikTok во обид да ги охрабри во нивната борба против дебелината.
Таа неодамна објави видео клип во кој изјави дека има 156 килограми и планира да ослабе 100 килограми.
Кинеските медиуми објавија дека Куихуа изгубила повеќе од 27 килограми во изминатите два месеци во неколку кампови за слабеење во различни градови во Кина.
Откако беше објавено дека починала, сите видеа од Куихуа беа отстранети од социјалните мрежи, а сликите беа избришани, пишува Си-Ен-Ен.
Според една американска телевизиска мрежа, кинеските медиуми објавија дека семејството на инфлуенсерката добило „отштета“ од кампот за слабеење на кој присуствувала пред нејзината смрт, но не е соопштено за каква отштета станува збор.