Есента која е пред нас секако ќе биде во знакот на кожата и кожните додатоци. Тоа добро го знаат и познатите кралици на облините, Ким Кардашијан и Џенифер Лопез, кои своите кожни „парчиња“ веќе од поодамна ги презентираа на своите совршено заоблени тела.
И додека Ким својот заводлив стајлинг го освежи со кожно здолниште со висок струк искомбинирано со проѕирна кошула, вртоглави штикли со ремче околу глуждовите, Џеј Ло своето занесно тело го покри со кожа од глава до петици. Тесниот црн фустан со долги ракави и затворено деколте, комбинирано со лакирани штикли беше вечерниот look на секси латината.
Чиј изглед беше поуспешен и која убавица ја искористи кожата на подобар начин, проценете сами.