Кашлицата просечно трае три недели

Од:

На акутната кашлица кај настинката обично и треба значително подолго за да помине отколку што мислат луѓето, поради што некои пациенти бараат од лекарот да им препише антибиотик, кој нема да им го забрза оздравувањето, туку само може да поттикне отпорност на лекови и да го зголеми ризикот од несакани последици, покажува американското истражување, извршено на Универзитетот во Џорџија.

Со анкета меѓу населението е утврдено дека повеќето луѓе очекуваат кашлицата да им помине во рок од седум до девет дена, но анализата на 19-те истражувања, кои се занимавале со овој симптом, укажува дека таа просечно трае речиси три недели, поточно 17,8 дена.

Околу 50 отсто од Американците со акутна кашлица во 2006 година добиле и рецепт за антибиотик, иако е познато дека повеќето респираторни инфекции ги предизвикуваат вируси, додека антибиотиците дејствуваат само на бактериите.

Шефот на истражувачкиот тим Марк Ебел порачува дека постојат многу средства кои ја олеснуваат кашлицата, а можат да се набават во аптеките без рецепт, но времето сепак е најдобар лек за овој симптом.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он