Кампања за зголемување на свесноста за ракот

Од:

За зголемување на свесноста за ракот и превентивно и навремено делување, Здружението за борба против ракот „Борка“ и „Рамстор мол“ од денеска ќе почнат хуманитарна кампања под слоганот „Сакаш ли и ти да помогнеш?

Секој вторник во наредните три недели во трговскиот центар ќе се одржуваат работилници, предавања и хуманитарни акции со цел подобро да ја запознаат јавноста со ракот на дојка, рак на матка и ракот на тестиси.

Покрај информативните пултови и хуманитарните кампањи, секој вторник со почеток во 16 часот ќе се одржува и работилница која ќе биде водена од Биба Додева, претседател на здружението „Борка“ и стручно-медицинско лице.

Маркетот и продавниците во трговскиот центар за оваа хуманитарна кампања ќе му донираат на здружението „Борка“ процент од продажбата.

Би можело да ве интересира

Ракот на грло на матката шесто најчесто малигно заболување кај жените

Март – национален месец за подигање на свеста за рак на дебело црево

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Путин најави вакцина против рак

Шенон Доерти откако ракот и се прошири на коските: „Не сакам да умрам“

Револуционерен пробив во лекувањето на ракот: ви го претставуваме Витацептин