Камионска компанија нема да вработува пушачи

Од:

Американската компанија за изнајмување камиони „Ју-хол интернејшанл“ соопшти дека отсега нема да вработува „корисници на никотин“ односно пушачи на цигари, како и корисници на електронски и алтернативни испарливи цигари.

Компанијата ја најави својата „кадровска политика без никотин“ за од 1 февруари, која ќе стапи во сила во 21 сојузна држава во САД. Во секоја од тие 21 сојузна држава дозволено е да не се вработуваат луѓе зависни од никотин. Освен тоа, работодавците во 17 од нив имаат законска дозвола да ги тестираат своите вработени на никотин.

Претставници на фирмата истакнуваат дека нема да бидат отпуштени пушачите кои досега се вработени. „Ју-хол интернејшанл“ во има околу 34.000 вработени ширум САД и Канада.

Некои болници и други здравствени установи во САД одамна имаат „политика на вработувања без никотин“.

Авиокомпанијата „Аљаска ерлајнс“ тоа го практикува уште од 1985 година, поради намалување на расходите за здравствена заштита, како и на здравствените последици од пушењето. Авиокомпанијата го забранува пушењето во околината на своите простории, на аеродромите, па дури и надвор во непосредна близина.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

Орце Костов

(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Горан Наумовски

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

Гевгеличанец се обиде да шверцува голема количина цигари без документација