Како живеат децата на богатите во Иран

Од:

По примерот на американскиот профил на инстаграм „Богати деца“, неодамна на оваа социјална мрежа се појави уште еден „сроден“ профил, кој покажува како живеат децата на богатите во Иран.

Налогот „Богатите деца на Техеран“ за три недели собра повеќе од 43.000 следбеници на мрежата, а нивните објави, исто како и оние американските „колеги“, се сведуваат на фотографии од луксузни забава. Има објави и на луксузни предмети и воопшто уживањето на богаташките деца во луксузот.

На профилот може да се видат фотографии од животот на синовите и ќерките на иранската елита. Тие прикажуваат сосема поинаков живот од оној кој стереотипно би го замислиле.

Познавачите на сосотјбите во Иран велат дека фотографиите се автентични, нагласувајќи дека овој општествен слој во Иран е познат и како „Еротска република“, поради забавите со полуголи жени, дрога и алкохол.

Во самата порака на инстаграм стои: „Ја направивме оваа страна за да покажемедека дека во Иран и не е така лошо“.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел