Како засекогаш да исчезнете од социјалните мрежи?

Од:

Преку глава ви е од Снапчет? Ве заморува Твитер? Заситени сте од Фејсбук? Сакате да се избришете од социјалните мрежи? Тоа можете да го направите, а притоа да не ги изгубите драгоцените податоци.

Да појдеме по ред.

Фејсбук

За да го избришете својот Фејсбук профил, отворете „подесување“, па „бебзедност“, па потоа „додади“ и „деактивирај го твојот профил“. Кликнете на линкот кој ќе се појави.

Едноставно е, но пости и нешто друго: Со тоа трајно не сте го избришале својот профил, туку само сте го деактивирале. Ако сакате целосно да го избришете, треба да ја отворите да кликнете на „избриши го мојот профил“. Ќе добиете некое време за размислување, а потоа Фејсбук ќе закаже бришење на се што имате во рок од 90 дена.

Ако посакате нешто да зачувате, пред бришењето, отворете „подесување“, па кликнете на „општо“ и потоа „симни копија од твоите податоци на Фејсбук“. Ќе морате да ја внесете лозинката за да потврдите дека тоа навистина сте вие, а не некој злонамерен. Ќе можете да преземате објави, фотографии, зачувани четови и други работи, се во формат на ХТМЛ.

Гугл

Ако сакате за секогаш да и кажете збогум на екипата на Маунтин Вју, отворете ја страницата на својот кориснички профил и кликнете „избриши ги твојот профил или услуги“. Наредната опција ќе ви овозможи бришење на некои делови на вашиот профил на пример на Џи-маил, Јутјуб или бришење на се одеднаш. Како и за Фејсбук, треба да ја внесете лозинката.

Ако изберете бришење одеднаш, ќе ви биде понудена листа на се што ќе исчезне со тоа, од фотографиите во Гугл Фотос, до музиката во Гугл Мјузик. За да го потврдите својот избор, кликнете на „избриши профил“.

За секој сервис ќе има линк со чија помош ќе можете да ги преземете своите податоци. На нив можете да пристапите и преку главната страница на корисничкиот профил, така што ќе кликнете на „Лични информации и приватоност“ и потоа ќе „лизгате“ се додека не најдете „симни ги твоите податоци“.

Изберете „креирај архива“.

Потоа ќе можете да изберете што ќе зачувате, а што не и во кој облик ќе ви бидат испорачани.

Tвитер

Бришењето на Твитер е едноставно. За да дојдете до своите податоци пред бришењето, отворете „подесувања“ на веб страната, кликнете на „налог“ и потоа на „барај ја твојата архива“. Кога е подготвена за преземање ќе добиете известување во вид на меил. Податоците ќе бидат во ХТМЛ формат.

За гасење на корисничкиот налог кликнете на „деактивирај го мојот налог“, потврдете го својот избор во следниот чекор за да почне бришењето. Ќе имате на располагање 30 дена во случај ако се предомислите. Доволно е повторно да се логирате и да продолжите понатаму како ништо да не се случило. Ако сте го потврдиле корисничкиот профил, на располагање ќе имате цела година.

Инстаграм

За да го избришете својот кориснички профил на Инстаграм, мора да ја отворите оваа страница. Напишете на Инстаграм зошто го напуштате, внесете ја својата лозинка и кликнете на „трајно бришење на мојот профил“.

Можете и привремено да го деактивирате, така што ќе кликнете на „подесување“ на својот профил и потоа кликнете на „времено деактивирај го мојот налог“. Нема временско ограничување па можете да продолжите кога ќе посакате.

Не постои едноставен начин да ги извлечете фотографиите и видео записите од Инстаграм, или сте чувале се што сте објавиле паралелно на мобилниот телефон (користејќи ја опцијата „сними оригинални фоѕографии“) или ќе верувате на сервисите како што е Истапорт.

Снапчет

По својата природа Снапчет не остава дигитална трага вредна за меморирање, иако последните години чува некои трајни податоци. Не нуди опција за бришење на корисничкиот профил во апликацијата, па морате да отворите аccounts.snapchat.com во веб пребарувачот. Логирајте се и потоа кликнете на „избриши ја мојата сметка“. Ќе морате да ја потврдите својата одлука. Ќе добиете 30 дена за реактивирање.

Јаху

Логирајте се на својот профил и отворете ја оваа страница. Кога ќе прочитате предупредување за последиците од бришењето (ќе ги избришат сите податоци), кликнете на „Уништи го овој профил“ за да покренете бришење.

За жал, не постои брз и лесен начин да ги извадите податоците од Јаху. Е-поштата можете да ја преземете користејќи ИМАП. Ако уфрлите подесување за Јахи Маил во некоја друга програма, како што се Џи-маил или Аутлук, можете да ја префрлите целата е-пошта.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Македонија има најбрз интернет во регионот

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“