Новата ласерска операција може да го оствари сонот на многу луѓе со темни очи. Сега вашите кафени очи засекогаш можат да станат сини.
Од сите работи кои ги забележуваме при запознавање со нови лица, први се очите, а се вели дека тие се огледало на душата. Некои луѓе не се задоволни со бојата на нивните очи и наместо кафени сакаат сини. Лекарот Грег Хомер пронајде решение. За само неколку недели кафените очи можат да станат небесно сини.
Зафатот всушност е многу едноставен. Ласерот се подесува на одредена фреквенција со што се менуваат клетките кои произведуваат кафена боја. После неколу недели кафената боја почнува да бледее и почнува да се надзира синиот пигмент кој се крие оздола. Операцијата трае само 20 секунди.
Меѓутоа, оваа операција делува само на поединци со кафени очи кај кои синиот пигмент се крие под темната боја. Многу луѓе сакаат да имаат сини очи и со професорот веќе контактирале над илјада потенцијални пациенти.
Хомер и неговиот тим од компанијата „Строма Медикал“ ја развивале оваа технологија над десет години, а за сите пациенти ќе биде достапна за три години. Цената на зафатот Хомер ја проценува на околу 5.000 американски долари по око, но затоа што кафената боја не се регенерира, тие кои се одлучиле за операција ќе имаат сина боја на очите до крајот на животот.
Оваа техника наиде на негодување кај они кои сметаат дека очите се „посвети“ од кој и да е друг дел од телото. Исто така, операцијата со себе носи и ризици за кои Хомер не може да гарантира дека нема да се случат, но сепак илјадници луѓе заинтересирани за операцијата, по се изгледа се подготвени да ги сносат сите евентуални последици.