Како да се оствари целосна интернет заштита?

Од:

Едно просечно домаќинство во светот има дури пет електронски апарати на кои им е потребна интернет заштита, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата Б2Б Интернешанал.

Имено, смратфоните и таблетите станаа нова стандардна алатка за пребарување, интеракција и купување на интернет, но и покрај своојата популарност, голем број корисници и натаму се убедени дека решенијата кои овозможуваат безбедност на интернет, главно се потребни за персоналните компјутери. Сите тие секојдневно се соочуваат со вируси и други он-лајн закани, што дополнително прави проблем да се зачува безбедноста и приватноста.

За големината на проблемот се гледа и од податокот дека дури повеќе од 50 отсто корисници на Андроид и над 60 проценти корисници на Мак сметаат дека не е потребна заштита за нивните апарати. Иако апаратите кои се користат за пристап до интернет станале помалку, тие се користат за пристап до интернет исто како традиционалните компјутери, и поради тоа се цел на кибер-напади. Мак компјутерите, смартфоните и таблетите редовно се мета на кибер-криминалците кои ги прилагодуваат својата тактика и цели штом забележат нови можности да украдат пари.

Анализирајќи ги овие податоци, компанијата „Касперски“ создаде Интернет Секјурити – мулти дивајс 2014, решение со кое корисниците имаат еден активациски код за повеќе апарати и еден датум за почеток на валидноста на производот, со што се олеснува ракувањето со нивните различни апарати.

Антивирусот и антифишинг технологиите на „Касперски“ овозможуваат блокирање на злонамерните линкови испратени преку социјалните мрежи, електронската пошта или на други начини. Освен тоа, тие известуваат и за сомнителните линкови кои можат да се најдат во СМС пораките испратени на мобилните телефони.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски