Како би изгледал бракот ако точно ја следиме библијата?

Од:

Индепендент – Лондон

Социјалните конзервативци, кои се спротивставуваат на брачните дозволи за геј двојките, во својата одбрана тврдат дека „христијански брак“ значи еден маж споен со една жена за цел животот, што, според нив, е опишано и во библијата.

Но, всушност пишувачите на библијата даваат целосна поддршка на повеќе видови родови заедници или бракови. Тие исто така користат повеќе литературни елементи за да укажат на Божјата дозвола за една или друга родова врска: Законот и Пророкот може да ги опише, Исус може да ги прифати, а Бог може да ги награди со најголемиот од сите благослови: деца кои ќе пораснат за да станат силни луѓе.

Додека дозволената листа вклучува еден маж во заедница со една жена, библијата експлицитно ја одбрува полигамијата и сексуалното ропство и дава детална регулатива за секоја од нив, а истовремено ги прифаќа и силувањето и инцестот.

Полигамија: Полигамијата е норматив од Стариот завет и се прифаќа без дополнително одобрувањето од Исус (Матеј 22:23-32). Bibligalpolygamy.com наведува страници посветени на 40 библиски личности, од кои секој има по неколку жени.

Сексуално ропство: Библијата дава упатства како да се применат неколку вида сексуално ропство. На пример, ако маж купи девојка Еврејка и таа „не го задоволува својот господар“, тој не може да ја продаде на странец и мора да и дозволи да си оди слободно, ако не му овозможува задоволства (Излез 21:8)

Воен плен: Девојките-девици буквално се сметаат за воен план. Во книгата на Броевите (31:18), Божјите службеници им наредиле на Израелците да ги убијат сите искористени жени Мидијанити, заедно со сите машки деца, но да ги задржат девојчњата-девици за себе. Законот на Мојсеј кажува за ритуал за прочистување на заробени девици пред секс. (Повторени закони 21:10:14)

Инцест: Инцестот е најзабранет во Библијата, но Бог прави исклучоци. Аврам и Сара, кои му биле најомилени на Бога, се смета дека се полубрат и полусестра. Ќерките на Лот го натерале да се напие и му сместиле, а Бог ги наградил со машки деца кои станале патријарси во големи нации (Настанок 19).

Вдовицата на братот: Ако братот почине без наследници, должност на мажот е да ја забремени вдовицата на братот. Онан бил смртно погоден од Бога затоа што избрал да го истури семето на земја, наместо да направи наследници за братот (Настанок 38:8-10) Приказната од Новиот завет (Матеј 22:24-28) вели дека оваа традиција преживеала.

Помошничката на сопругата: По седум бездетни децении, исфрустрираната Сара, жена  му на Аврам, му рекла: „Оди, спиј со мојата слугинка, можеби ќе изгледам семејство преку неа“. Нејзината слугинка Хагар забременила. Две генерации подоцна, сопругите-сестри на Јакоб постојано му ги испраќале своите слугинки, секоја обидувајќи се да има повеќе деца од другата (Настанок 30:1-22)

Други робови: Маж не смее да има секс со робинка ако е таа свршеничка на друг маж – но ако имаат, таа мора да биде камшикувана (истепана), а тој мора да жртвува овца (Левитска 19:20-22, кјв)

Жртва на силување: Еврејско девојче која е силувано, може да биде продадено на силувачот за 50 шекели или околу 580 долари (Повторени закони 22:28-29). Притоа, тој мора да ја задржи, затоа што таа била „понижена“. Забелешка: Согласноста од жените во Библијата се речиси иревелвантни, уште од времето кога Ева била направена од реброто на Адам па наваму (Настанок 2:18-22)

Новиот завет го одобрува Стариот завет

И покрај нечие тврдење дека Стариот завет не се применува од модерните верувачи во Библијата, запомнете дека ниту едно од овие норми или правила – не е анулирано или осудено од Исус. Напротив: „Не мислете дека доаѓам да ги укинам Законот или Пророците; не дојдов да ги укинам, туку да ги исполнам. Да ви ја кажам вистината, се додека небото и земјата не исчезнат, ниту најмалата буква, ниту чкртка со молив било како ќе исчезнат од Законот, се додека се не се оствари (Матеј 5:17-18)

Верувачи во библијата или само одбивност кон промени?

Со векови, христијанските лидери не се согласуваа со конкубини и полигамија, како што не се согласуваа и со ропството пошироко. Потесното семејство, толку негувано од американските фундаменталисти, се појави со вкрстувањето на христијанството и европските култури, вклучувакќи ги моногамните традиции на Рим.

Како што еволуираше свесноста за моралот кај луѓето, насилниот секс и принудните бракови стана се помалку прифатливи. Денес дури и најпосветените верувачи во Библијата се спротивставуваат на сексуалното ропство. Бракот се повеќе е посветеност со љубов, која е слободно дадена.

Бракот меѓу хомосексуалци е дел од оваа се пораширена дебата, а спротвставувањето од страна на конзервативните христијани има многу малку врска со библиската моногамија. Многумина кои се нарекуваат себеси верувачи во Библијата, се едноставно отпорни на промени. Она за што навистина се загрижени е одбраната на статус квото, прастара хиерархија и привилегирано мнозинство во култура со мажот кој е секогаш на врвот.

Слободата да се стапи во брак ќе се прошири, како што е случај и со други права поврзани со сексуалноста, репродукцијата и формирањето на семејството; а некои конзервативни верувачи во Библијата ќе се прилагодат на овие промени, како што го сторија тоа други: одбивно и со жестоки протести, но на крај прифаќајки ја новата нормалност, а можеби и отсекогаш постечката, која патем цело време била и Божја волја.

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Ана Ололовска

Табу во Америка, бракот меѓу блиски роднини не е толку редок како што се мисли

Ана Ололовска

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Наум Локоски