Една железничка компанија во Јапонија понуди можност среќен пар да се венча на една од најпрометните линии во Токио.
Компанијата „ЈР Еаст“ соопшти дека сака да пронајде пар кој би сакал да се венча на линијата Јаманот во друштво на 120 пријатели и членови на семејството.
Гостите ќе имаат ексклузивно право на користење на возот од 11 вагони кои главно возат 1.000 патници.
На возот ќе му бидат потребни 35 километри за да дојде до другата линија и ќе застанува на сите стојалишта, но вратата нема да бидат отворани.
Церемонија на венчавката ќе биде организирана на 14-ти октомври, на 141- годишнина од почетокот на работата на јапонската железница.
Eлена Георгиевска