Јагоди причинители на ланската епидемија на хепатитис во Скандинавија

Од:

Замрзнати јагоди најверојатно се причинителот на епидемијата на хепатитис А во скандинавските земји лани во октомври, покажуваат резултатите од испитувањето што го спроведе шведскиот Институт за заштита од заразни болести.

Во соопштението на Институт се наведува дека резултатите се вклопуваат во рамката на заедничката анализа на собраните податоци пред избувнувањето на епидемијата во Данска, Шведска и Норвешка.

Вкупно 44 случаи може да се поврзат со ширењето на заразата во нордиските земји, но се уште не е разјаснето од каде дошле заразените јагоди.

Вирусниот хепатитис А е акутна заразна болест со фекално-орален механизам на пренесување, од која најчесто заболуваат деца од предучилишна возраст. Вообичаено болеста има благ клинички тек и може да помине незабележливо, додека хроничната форма е исклучително ретка. Болеста речиси секогаш завршува без последици.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

Орце Костов

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска