Изобилство од откритија: Трансформативна година во медицината

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Годинава бевме сведоци на зората на поправки во гените, подем во имунотерапијата и на првите навестувања за лек со кој се забавува текот на Алцхајмеровата болест.

Поправки во гените

Лајла Ричардс е бебето кое ја означи новата ера во медицината

На денот пред нејзиниот прв роденден, на родителите на Лајла им беше кажано дека сите третмани за леукемијата не успеале и дека таа ќе почине.

Но решеноста на нејзините родители, лекарите и од една биотехнолошка компанија доведе до тоа да и биде дадена експериментална терапија која претходно била изведувана само врз глувци.

„Чудото“ од терапија која засега и го спаси животот беше малечка капсула исполнета со генетички изменети имунолошки клетки специјално напревни за да го убие канерог во неа.

Тоа ја подигна перспективата за слични методи кои се користат за третирање на цела палета на генетички болести. Во меѓувреме, на почетокот на годината една организација од Кина објави дека се првите кои успешно спровеле поправка во геномот на човечки ембрион.

Откритието на Универзитетот Сун Јатсен во Гуандонг покажа дека грешките во ДНК кои доведуваат до нарушување во крвта, или бета таласемиа, можат да бидат успешно поправени уште во ембрионот. Поправките во гените исто биле изведени да се направат комарци отпорни на маларија и да се направат свињите адекватни за човечка трансплантација.

Техниките отворија бројни етички прашања вклучувајќи ја и загриженоста во врска со создавање на дизајнирани бебиња.

На првичната средба на водечките научници беше заклучено дека ќе биде „неодговорно“ да се дозволи создавање на генетички изменети луѓе, но дека основните истражувања за поправки на гени кај ембриони треба да продолжат.

Поразување на ракот?

Медицината за борба против канцерите е на прагот на револуција откако една од најветувачките полиња – имунотерапијата – конечно покажа успеси.

Ако имате грип, вашиот имунолошки систем самиот бара начини за да го уништи вирусот. Но туморите можат да се прикријат како здраво, нормално ткиво за да го избегне нападот.

Имунотерапијата спречува канцерите да се кријат и им го изложуваат на имунолошкиот систем.

Податоци од две големи истражувања презентирани на годишната конференција на Американската асоцијација за клиничка онкологија покажуваат дека прежувањата од рак на белите дробови се удвоиле кај некои пациенти кај кои е применет таков пристап.

А туморите биле намалени кај шест од 10 пациенти со случаи на напредна меланхома. Но овој просек крие некои впечатливи стории. Малку пациенти кои најдобро реагирале на третманот преминале од термален канцер во целосно исчезнување на канцерот.

Ова е една од најактулените полиња во медицината.

Отпорноста на антибиотици

Несопирливиот марш на отпорноста на антибиотици продолжи и годинава и достигна алармантен степен.

Некои лекари објавија дека светот денес е на прагот на „постантибиотичкото доба“ откако не успеа потрагата по бактерија отпорна на лекови кои се користат кога други се неуспешни.

Тие откриле бакерија отпорна на лекот од последната генерација – колистин – кај пациенти и жива стока во Кина.

Ваквата отпорност е откриена и во Европа, Африка и во други делови од Азија.

Тоа ја подигна загриженоста од „антибиотичка апокалипса“ кога некои третмани не успеваат, а хемотерапијата, операциите и трансплантацијата на органи стануваат скоро невозможни.

Сепак, отпорноста е дамнешен проблем и на повидок нема нови лекови. Но знакот дека апокалипсата сепак може да биде спречена е дека некои тмови научници во САД веруваат нови откритија во сушата на нови пронајдени антибиотици можеби завршува.

Тим на научници од Универзитетот Нортистерн во Бостон развиле нов метод за раст на бактерија која не е отпорна на 25 нови антибиотици, што е по се изгледа „многу ветувачки“.

Првото замрзнато бебе

Една жена од Белгија е првата во светот која се породила со помош на замрзнато ткиво од јајник кога таа се уште била малечка.

На дваесетиседумгодишната жена и бил отстранет јајник кога имала 13 години пред да биде подложена на силен третман за клеточна анемија кое можело да влијае на нејзината плодност.

Другиот јајник за време на третманот бил сосема уништен.

Десет години подоцна, таа одлучила да забремени па лекарите искористиле четири од фрагментите во преостанатиот јајник и 11 фрагменти во други целови во телото. Таа родила здраво машко бебе.

Норално кај мажите се замрзнува спермата пред да се примени сличен третман, но надежта за вакви техники ќе функционираат кај машки деца пред пубертет кои сеуште не почнале да создаваат сперма.

Лице од милион долари

Американски хирурзи во август изведоа најкомплексната трансплантација на лице до денес, вклучувајќи и комплетен скалп, уши и очни капаци.

Биле потребни 26 часовна операција за на повредениот 41-годишне доброволец пожарникар Патрик Хардисон да му се даде ново лице.

Хардисон кој се повредил во пожар во куќа додека се обидувал да спаси жена за која се посомневал дека е заглавена во пламенот, имал изгореници од трет степен на целото лице и главата.

Тој чекал повеќе од една година на регистриран донатор за целосно совпаѓање – не само според типот на крвта туку и со таква боја на кожа и коса.

Наскоро ќе мора да се изведат уште операции за да се острани олабавената кожа околу очите и усните. Донаторот бил 26-годишниот Дејвид Родебау, кој загинал во моторџиска несреќа.

Во меѓувреме, маж во Тексас добил прва трансплантација на череп и скапл на светот.

Деменција

Податоци од фармацевтската компанија Ели Лили наведуваат дека соланезумаб може да ја сопре стапката на напредување на деменцијата за околу една третина.

Умирањето на мозочни клетки кај Алцхајмеровата болест во моментов е несопирливо.

Соланезумаб може да ги одржи во живот со напаѓање на деформираните протеини, наречени амилоиди, кои се натрупуваат во мозокот за време на Алцхајмеровата болест.

Пробиени границите на мозокот

Првпат, лекарите го пробија заштитниот слој на човековиот мозок за да внесат лекови за борба против канцер.

Границата нормално спречува инфекции и отрови да повлијаат на централниот нервен систем.

Канадски тим од лекари со помош на малечки меури исполнети со гас, внесени во крвниот систем на пациент, за да продупчат привремени дупчиња во границата.

Со помош на зрак со фокусирани ултразвучни ранови со кој се влијаело на черепот овозможило меурчињата да вибрираат и така да се пробијат заедно со лековите за хемотерапија.

Оваа техника може да биде успешна кај канцери, деменција и Паркинсонова болест, но потребни се уште испитувања за нејзината безбедност.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он